Уапсени напаѓачите на директорот на Бољшој театарот | Свет | DW | 06.03.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уапсени напаѓачите на директорот на Бољшој театарот

Руската полиција уапси повеќе лица, меѓу нив и првенец на Бољшој театарот, поради нападот со киселина врз директорот на оваа славна институција, Сергеј Филин.

Наводниот нарачател на нападот со киселина врз уметничкиот директор на театарот Бољшој, Сергеј Филин, водечкиот солист на балетот Павел Дмитриченко (на фотографијата горе) се изјасни за виновен. Делото го признаа и извршителот Јуриј Заруцки и возачот Андреј Липатов, се наведува во објавено соопштение на московската полиција.

Тројцата се уапсени. Вчера беше соопштено дека е уапсен и осомничениот за посредување меѓу нарачателот и извршителите на злосторството. Истрагата продолжува, се наведува во соопштението на полицијата. Нападот врз Сергеј Филин (42) беше извршен на 17 јануари доцна вечерта пред неговиот дом во Москва. Врз Филин беше фрлена киселина од непознат маж со маска. Повредениот беше итно пренесен во болница со изгореници од трет степен на лицето и очите. По хируршките интервенции во Москва, тој е пренесен на лекување во Германија.

Полицијата се‘ уште ги испитува мотивите поради кои Дмитриченко го нарачал нападот врз Филин. Во првата изјава, неколку дена по нападот Филин го поврза делото со неговата професионална активност. Тој дури тврдеше и дека точно знае кој е напаѓачот. Некои руски медиуми пишуваа дека Дмитриченко можеби сакал да се освети затоа што неговата девојка, Ангелина Воронцова, исто така солистка во балетот, не ја добила главната улога во „Лебедовото езеро“.