1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уапсени генерали

Апсењето на познати критичари на владата во контекст на аферата Ергенекон и судскиот процес за забрана на владејачката партија АКП, одекна како бомба во Турција.

default

Уставниот суд решава за АКП

Турските секуларисти се во шок по апсењето на двајца пезнионирани генерали и повеќе припадници на Здружанието за заштита на мислата на Ататурк. За нив постоело сомневање дека се поврзани со аферата Ергенекон и активностите на тајната организација, за која се тврди дека вршела поттикнување на оружен бунт против владата и планирала ликвидација на познати политичари од курдско потекло и турскиот Нобеловец Орхан Памук.

Меѓу 27те уаспени се и пензионираниот генерал и поранешен командант на силите на турската жарданмерија, Шенер Ерујгур, актуелен претседател на Здружението за заштита на мислата на Ататурк, потоа претседателот на трговската комора на Анкара Синан Ајѓун, главниот уредник на весникот Терџуман и дописникот на Џум Хуриет од Анкара како и уште 20тина членови на споменатото здружение меѓу кои и еден универзитетски професор од Трабзон.

Најновите апсења се извршени само неколку часа пред усменото образложување на обвинението против владејачката партија на Правда и напредок во Уставниот суд, којашто е обвинета за шеријарски активности. Побарано е нејзино затварање како и политичка забрана на нејзиниот лидер и премиер Реџеп Таип Ердоан и претседателот на државата Абдула Ѓул. Апсењата се случуваат и 24 часа пред давањето на прва усмена одбрана на партијата пред судот.

Турскиот премиер со напомена дека станува збор за заокружување на активностите за обвинението за аферата Ергенекон изјави „Освен демократизација, Турција нема друг пат. Принудени сме да ги запреме оние кои сакаат да го запрат отчукувањето на нејзиното срце.“ рече Ердоан

Меѓутоа тензиите околу првото притворање на генерали во историјата на Турската Република допрва се очекуваат, бидејќи републичкиот обвинител од Истанбул кој ја води аферата Ергенекон тврди дека тој не издал налог за овие апсења. Ова беше повод, претседателот на најголемата опозициона републиканска народна партија Дениз Бајкал да го обвини премниерот Ердоан дека цитат „води приватна војна“