1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Уапсени високи палестински претставници

Израелската армија на Западниот брег уапси повеќе високи претставници радикалното палестинско движење Хамас. Според палестински извори меѓу уапсените е и министерот за образование Насер Ал Шаер како и градоначалниците на Наблус и Калкиа. Апсењата се во рамките на големата воена израелска операција во регионот. Истовремено израелските авиони продолжија со гранатирање цели во појасот Газа како одговор на палестинските ракети кои оттаму беа испукани кон израелска територија.