1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Т-Мобајл останува спонзор во професионалниот велосипедизам

Тимот на Т-Мобајл кој го одбележаa серија допинг скандали на Тур Д,Франс, до 2010 и натаму ќе вози на трките ширум Европа со пари од спонзорот.

default

Директорот за комуникации во Телеком Кристијан Фромерт, одлуката за продолжување на спонзорството ја образложи со желбата за продолжување на борбата против допингот

“ Прекинот на спонзорството би бил лош сигнал бидејќи тоа би ги торпедирало моменталните напори во поглед на целиот спорт. Борбата против допингот против криминалните структури за чист и фер спорт не бара само енергија туку и пари

Т-Мобајл, кој годишно инвестира 12 милиони евра во тимот, постави услови за своето натамошно ангажирање односно спонзорирање на велосипедизмот

“ Натпреварувачите и менаџерите дел од своите хонорари, што ќе бидат утврдени со договорите ќе ги уплатуваат во една каса која Т-Мобајл ќе ја дополни до сума од еден милион евра. Овие пари ќе стојат за располагање на асоцијациите за борба пртотив допингот на национално и интернационално ниво“

Телеком најави дека во иднина тестовите во тимот ќе бидат засилени и подобрени и остави отворена можмност за раскинување на договорот доколку бидат откриени нови случаи на допинг.