1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тјенанмен ја промени сликата за Кина

При задушувањето на протестите во Пекинг, на 04.06.1989, беа убиени, според различни извори, меѓу 500 и 1000 лица. Сликите од Кина предизвикаа вчудовидување во светот и го променија неговиот став кон таа земја.

default

Студентите демонстрираа со денови, барајќи слобода и демократија (фотографија од 13 мај 1989 година)

Кога во јуни 1989 година тенкови татнеа на Тјенанмен, „Плоштадот на небескиот мир“, тоа се случуваше пред очите на светот. Во тоа време, само мал број медиуми имаа постојани дописници во Пекинг, но сепак, градот беше полн со новинари. Причината беше историската посета на Михаил Горбачов на Кина во мај, прва посета на некој советски лидер по цели триесет години. „Новинарите веднаш забележаа оти е пријатно да известуваат за Горбачов, но дека токму тогаш се случуваше вистинската приказна, тука, на лице-место“, објаснува Свен Хансен, експерт за Азија во германскиот весник „Тагесцајтунг“. Затоа, многу новинари останаа во Пекинг и по заминувањето на Горбачов. Кинеските студенти со недели го окупираа „Тјенанмен“.

Што бараа студентите?

Тие демонстрираа против самоволието на партиските функционери, против корупцијата, поради неспроведувањето на принципите на правна држава и за демократските реформи. Кога кинеската влада на четврти јуни 1989 година крваво ги задуши овие протести, многу

Tiananmen Massaker in Peking, China

Се‘ се одвиваше пред вклучени камери

новинари се вклучуваа во живо во програмите. „Колку и да звучи драстично, мора да се каже дека ова не е толку драматично ново во Народна Република Кина“, вели Еберхард , експерт од Германското друштво за надворешна политика. „Секогаш кога политичкото водство на Комунистичката партија беше во опасност, кинеската армија отвораше оган врз луѓето. Ново беше што, овојпат, сето тоа се одигра пред вклучените камери на медиумите од цел свет и, се разбира, во ударниот термин на американските телевизии“, додава Зандшнајдер.

Против голема земја како Кина, тешко се воведуваат санкции

Сликите го обиколија светот - слики од убиени и тешко повредени студенти, од смачкани велосипеди преку кои поминале тенкови на армијата. „Највпечатливата слика цел свет ја знае: еден човек со кеса в рака, кој се постави пред колона тенкови во движење. Тоа стана највпечатливо и по севкупното симболично дејство“, вели експертот.

Западот реагираше - Кина беше прогласена за непожелен

Studentenprotest auf dem Platz des himmlischen Friedens

Сликите од Тјенанмен го обиколија светот

партнер. Европската заедница воведе ембарго за оружје за Кина, многу земји воведоа економски санкции. Но, сепак, западните демократии не изградија трајна заедничка линија. Токму кога Европејците започнаа да размислуваат за санкции, јапонските претпријатија веќе се вратија во Кина, само неколку недели по масакрот.

Во октомври 1990 година, една година по настаните во Пекинг, Европската заедница ги укина економските санкции. Западот сфати дека против земја како Кина, која стануваше економски се’ посилна, тешко можат да бидат воведени санкции. Оти, и западните земји и концерни и меѓу себе си конкурираат, а Кина е потенцијално огромен пазар, па се води и натпревар за него.

Сега сите зборуваат за човековите права во Кина

Колку е свежо сеќавањето на Западот денес за настаните што се случија пред дваесет години? Меѓу набљудувачите на Кина ова е спорно прашање. Едни сметаат дека сето тоа се` повеќе паѓа во заборав. Но, Свен Хансен е убеден дека масакарот на „Плоштадот на небескиот мир“ од темел го промени ставот на Западот кон Кина: „Може сосем грубо да се каже дека пред 1989 година никој на Запад не се интересираше за човековите права во Кина. Но, по 1989 година сите зборуваат за тоа“.


Автор: Филип Билски / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM