1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Тутунарите сакаат да „нижат“ повеќе пари

Тутунарите од Пелагониско денеска (03.01) ги блокираа патот Битола - Градско и Прилеп - Крушево. Бараат реална проценка и минимална откупна цена од 192 денара за килограм.

default

Тутунот е профитабилен производ

Над 30 илјади семејства, или околу 200 илјади производители зависат од производната цена на тутунот, традиционалниот македонски бренд и слика за социјалниот амбиент во земјата.

Старото злато и оваа година ќе донесе околу 80 милиони евра нето приход, без производството на цигари. Тутунот е најпрофитабилниот извозен производ од Македонија.

Владата е свесна за значењето на овие јануарски денови, кога стартува откупот на најквалитетните и често ретки сорти на тутунот, време во кое откупувачите често знаат да ги уценуваат производителите. Не е баш пријатно да се чека на парите за да се платат трошоците за струја, огрев, образование, а есапот од планираните приходи не е по волја на тутунарите.

Ветувања и неисполнувања

Блокадите што аграрците се‘ почесто ги применуваат како метод на штрајкување и изразување незадоволство, денеска се поставени на регионалниот пат кон Прилеп, градот на тутутнот.

„Не го даваме тутунот по цени што не ги подмируваат ниту трошоците за производство. Ни‘ нудат по 50 насто пониски цени од ветените, а договорените цени со Владата, откупувачите ги плаќаат само додека министерот е на лице место или по партиски клуч", велат незадоволните тутунари.

BDT Tabakproduktion in Bulgarien

Тутунарите се незадоволни

Тие пред Нова година беа пред Собранието, а меѓу нив и Менде Топаловски од селото Дебреште:

„Од мене зависат десетина семејства кои работеа на моите посеви и нема да го продадам по цена која нема да ми го уважи трудот и вложените пари во насадите.“

Состојбите со откупот се во привремена стагнација, откако денеска набавувачите повторно ја девалвираа минималната откупна цена. Тоа беше повод за политичко-партиско спорење во парламентот пред Нова година, кога опозицијата побара од Премиерот да излезе пред тутунарите и да им соопшти зошто се уценувани од преработувачите. Од друга страна, Владата тврди дека ланските цени беа највисоки во историјата на тутунот и дека би било добро да се задржат и годинава, но, како што рече вицепреимерот Пешевски, без партизирање на целиот процес.

Најниска откупна цена

Македонската влада годинава ќе субвенционира

Deutschland Tabakanbau in der Pfalz

Експертите предлагаат кај тутунот да се формира најниска откупна цена

повеќе од 100 милиони евра во аграрот, што е досега највисока стимулација во неговиот развој.

Експертите предлагаат кај тутунот да се формира најниска откупна цена. Во нејзе би се вградиле „ средствата за производство, агротехничките услови, квалитетот на тутунот, како и движењето на цената на светските пазари и под тие услови преработувачите да не смеат да плаќаат пониско“, вели универзитетскиот професор Златко Арсов, од скопскиот Земјоделски факултет.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Поврзана содржина