1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Тур Д‘ Франс во калта на допингот

Oд протест поради скандалите со допинг велосипедистите на шест француски и два германски тимови денеска стартуваа со една минута задоцнување. Тестот за допинг нa Винокуров, еден од фаворитите за победник беше позитивен.

default

Александер Винокуров

Александер Винокуров денеска тврди дека целиот скандал му е наместен. Никогаш не сум се допингувал, тврди казахстанскиот велосипедист, велејќи дека нема да губи време и ќе почне веднаш да работи на докажување на својата невиност.

На ден по откривањето на позитивниот тест на Винокуров, возачите на осум тимови тргнаа со една минута задоцнување од стартот за да се дистанцираат, како што велат, од измамниците. Еден од тимовите кои се дел од протестот е Геролштајнер, а неговиот шеф, Ханс Михаел Холцер, изјави: ”Двократен етапен победник е позотивен на допинг, тоа е мислам една нова димензија. Конечно, време е не само тимовите, туку и организаторите конечно да заземат став.”

А, шефот на трката, Кристијан Предом, вели дека прекин на трката не доаѓа предвид. ”Воопшто не размислуваме да ја стопираме трката само затоа што некои играат руски рулет”, изјави Прудом, кој бара револуција во велосипедскиот спорт. Тој денеска за весникот Интернешнл Хералд Трибјун изјави дека системот, кој не функционира и ги лаже фановите, може да се промени само со револуција.

Поранешната претседателка на Германскиот велосипедски сојуз, самата адвокат и критичар на Тур Д‘ Франс, Силвија Шенк, денеска со оценка: ”Тур Д‘ Франс е одлична манифестација и се надевам дека некогаш повторно ќе биде забавно да се следи, се андевам веќе наредната година. Јас сум критична кон се‘ она што се случува во моментов, особено што Расмусен сеуште ја носи жолтата маичка.”

Данецот Михаел Расмусен, вака одговара на обвинувањата дека со изговор дека е повреден, неколкупати избегнал допинг контрола: ”Направив грешка, Светскиот велосипедски сојуз поради мојата административна грешка ми упати усна опомена. Јас тоа го прифаќам и ја преземам целосната одговорност.”

Расмусен е веќе исклучен од данскиот тим за Олимписките игри и за Светското првенство. Тој изрази сомневање во правната основаност на натамошни опомени и затоа има право и натаму да вози на Тур Д‘ Франс. Денеска тргна од стартот со жолта маичка точно навреме и беше проследен со концерт свирежи на публиката.