1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турчинките се борат за право на абортус

Абортус во Турција во иднина треба да биде можен само до четвртата недела од бременоста. Борците за женски права се спротивставуваат на ваквите планови.

„Ердоган, тргни ги рацете од моето тело“ - со вакви слогани кои изразуваат бес, напишани на ленти, жените на почетокот на месецов ја искажаа својата огорченост поради плановите на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Демонстрациите во Истанбул беа досега најголеми протести на организациите на жените во Турција.

Раководителот на Службата за верски прашања Мехмет Гормез ваквиот бунт го коментираше кусо: „Нема основа“. Исто како и премиерот Ердоган и највисокиот верски претставник во секуларната држава смета дека абортуси без медицински сфатливи причини се „убиство“. Одлуката за абортус се однесува на нероден живот и затоа не подлежи само на слободата на одлучување на жената - ваквата изјава на Гормез ги подгрева натамошно контроверзните дебати во јавноста и ја заострува поларизацијата.

Организациите на жените се обединуваат

За да го обединат протестот против заострувањето на законот за абортус, речиси 150 организации на жени ја основаа иницијативата „Куртај Јашакланамаз“ (Абортусот не може да се забрани). Иницијативата на својата интернет страница собира потписи за ослободување на жените кои беа уапсени за време на демонстрациите. За неколку дена беа собрани 300.000 потписи, а

Recep Tayyip Erdogan

Реџеп Таип Ердоган - борците за женски права се борат против плановите на владата

секојдневно се потпишуваат илјадници жени. Втора цел на иницијативата е да ги пренесе на интернационалните платформи актуелните случувања во спорот околу абортусот.

Независната информативна мрежа bianet.org ги повикува жените и мажите да учествуваат на фото-акција. Раководителката на иницијативата Чичек Тахаоглу за ДВ рече: „Со натписите на нивните тела или со плакати како ’Мое тело, моја одлука’ или ’Телото на жена ми е нејзина одлука’, активистите треба да и‘ дадат на кампањата лице.“

Организациите го ставаат во фокусот на јавноста телото на жената, токму поради тоа што жените во Турција се повеќе категоризирани во приватната сфера. „Во земја во која сексуалното насилство, силувањето и убиствата на жени се секојдневие, вакво заострување на законот за абортус би можело само да ги легализира овие феномени“, вели Чичек Тахаоглу.

И мажите на протести

Жените на тој начин се спротивставуваат на изјавите на министерот за здравство Реџеп Акдаг, кој категорично се изјасни против абортус, дури и во случаи кога жената останала бремена со силување. На прашањето на

Türkische Familie am Bosporus

Идеалот на Ердоган е семејство со најмалку три деца

новинарите - какви мерки ќе преземе државата за децата родени по силување, Акдаг одговори: „Ако е нужно за тие деца ќе се грижи државата“.

Додека организациите за жени го креваат својот глас против Ердоган, за збор се јавуваат и се‘ повеќе мажи. Иницијативата „Рахатсиз Еркеклер“ (Незадоволни мажи) преку блог ги повика сите мажи на протести во Истанбул. Тие се охрабруваат да заземат јасен став против „партијархалната политика на државата“.

Единствениот женски член на владата на Ердоган, министерката за семејство Фатма Сахин,го навлече врз себе бесот на жените кои протестираат, поради тоа што и таа се залага за заострување на законот. Сахин го застапува ставот дека абортусите и царските резови станале методи за планирање на семејството и дека веќе не смеат да бидат дозволени.

Со легализација на абортусот - пониска стапка на смртност на мајките

Идеалот на турскиот премиер е семејство со најмалку три деца. Оваа одлука меѓутоа може да биде отежната со царски рез, затоа што една жена по

MDG Tadschikistan Müttersterblichkeit

Смртноста на мајките по легализацијата на абортусот во Турција во 1983 година, се намалила

хируршкиот зафат главно може да роди уште едно дете. Министерката за семејство во дебатата нагласува дека новиот предлог закон ќе ги земе предвид критериумите на науката и разумот. Против ваквата изјава на Сахин организациите на жени аргументираат со бројки од националните и меѓународните статистики, кои покажуваат директна поврзаност меѓу забраната на абортусот и порастот на смртноста на мајките.

Според Лекарската комора и Здружението на гинеколозите, смртноста на мајките по легализацијата на абортусот во Турција во 1983. година, се намалила. Ако во 1970. година умирале околу 250 жени на 100.000 породувања, овој број во 2000. година изнесувал само 28. Жените имаат и уште еден аргумен против изјавите на владините претставници. Се тврди дека легализацијата на абортуст ги зголемила бројките на прекин на бременоста, но статистиките покажуваат дека стапката на абортуси се намалува - таа во 1993. година изнесувала 18 проценти, а во 2008 година само околу 10 проценти.