1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција ќе се воздржи барем до 5 ноември

Со полна пареа се одвиваат дипломатски напори да се спречи турска инвазија во северен Ирак. Зад кулисите работат САД и ирачката влада од чија територија дејствува ПКК, која сега најави примирје, но дали ќе го одржи?

default

Прашање на време е кога ќе влезат во Ирак

Се чини непосредно не претстои влез на турската армија во Северен Ирак. Според зборовите на турскиот министер за надворешни работи Али Бабакан, Анкара во борбата против курдските бунтовници на ПКК, најнапред има намера да ги исцрпи сите дипломатски можности. Зад неговата изјава е телефонскиот разговор на американската шефица на дипломатиајата Кондолиза Рајс со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан. Таа го замоли турскиот партнер во НАТО да сочека неколку дена со нападот. Истовремено САД и Велика Британија се договараат за заеднички настап за спречување на насилствата во пограничниот појас меѓу Турција и Ирак. Мора да се стави под конторла тешката ситуација во регионот, изјави Кондолиза Рајс по средбата со нејзиниот британски колега Дејвид Милибанд. Истовремено, Вашингтон се обидува да посредува меѓу Турција и припадниците на ПКК. Се чини Ердоан има намера да му излезе во пресрет на Вашингтон со изјавата:

„Рековме оти веруваме дека е во полза на нашиот стратегиски партнер ако бргу преземе чекори. Подеднакво како што ние многу бргу презедовме чекори во Авганистан, сега тоа треба да биде направено од нивна страна„.

Ако борбите на турско-ирачката граница не ескалираат, Турција до 5 ноември би можела да се воздржи од напад. За тогаш е предвидена средба меѓу Ердоан и американскиот претседател Џорџ Буш. Во меѓувреме, турската влада ја зрагледуваше ситуацијата во пограничниот појас со различни групи, но подробности од средбата не се познати. Портпаролот на владата Кемил Чичек, меѓутоа, ја подвлекува решителноста на Турција:

„Ставот на нашата влада, на нашите сили за безбедност и на сите други групации во земјата е решителност во битката против тероризмот. Сите се согласни со времето и методите на мерките што се неопходни„.

Во меѓувреме, Анкара го зголеми бројот на своите војници на границата на 60 илјади.