1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција ќе размисли што ќе преземе против Сирија

Соборувањето на турскиот борбена вион се заканува да го заостри конфликтот околу Сирија. Турција прво ќе ги провери околностите, а потоа ќе одлучи што ќе преземе.

Сириската армија собори турски борбен авион од типот Ф-4 со два пилоти, кои се‘ уште се водат како исчезнати. Двете страни го потврдија инцидентот. Воздушната противодбрана ја гаѓала целта која летала ниско во воздушниот простор над сириските територијални води, соопшти Сирија. Реакцијата од Турција е воздржана. Земјата ќе ги донесе неопходните одлуки и ќе ги преземе потребните мерки кога ќе бидат познати сите детали од инцидентот, соопшти тускиот премиер Реџеп Таип Ердоган по кризната седница на шефовите на армијата и на тајните служби, како и на министрите за внатрешни работи, за надворешни рбаоти и за одбрана, која се одржа ноќеска (22/23.06).

Recep Tayyip Erdogan

Реџеп Таип Ердоган: Мерки ќе бидат преземени кога ќе бидат познати деталите

Турската и сириската морнарица заеднички трагаат по двајцата пилоти, информираше Ердоган. Тој не ги коментираше медиумските извештаи, според кои Сирија се извинила за случајот. Авионот, според сириски наводи, бил соборен на само еден километар пред брегот и се урнал во морето на десет километри западно од местото Ум ал-Туџур. Засега е нејасно зошто сириската армија го гаѓала авионот, кој полетал од воздухопловната база Малатија и летал во близина на воздушниот коридор кој ја поврзува Турција со турските сили на Северен Кипар.

Инцидентот се заканува да ги влоши и онака лошите односи меѓу двете земји. Турција е еден од најжестоките критичари на режимот на Башар ал-Асад откако неговиот режим применува воено насилство врз опозицијата во земјата. Многу Сиријци побегнаа во Турција откако почнаа судирите во земјата. Турската влада пледираше за создавање заштитни коридори во Сирија за да се заштитат бегалците од напади, но со оглед на тоа што за вакво нешто е неопходен ангажман на војници, турската влада се дистанцираше од ваквите размислувања се‘ додека за такво нешто нема мандат на Советот за безбедност на ОН.