1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција ќе испрати мировни војници во Либан

Турција ќе учествува во силите за Либан вон контингентот на ЕУ,а обемот и точното место на стационирање на турските војници ќе бидат познати на договорите со делегацијата на турското министерство за одбрана и оружените сили што треба да биде испратена во Њујорк.

Анан на разговори со турското раководство

Анан на разговори со турското раководство

Ова денеска на заедничката прес конференција го соопштија турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на ОН Кофи Анан,кој допатува во Анкара уште за време на завчерашното гласање во турскиот парламент,на кое турските пратеници со огромен број гласови и комплетно противење на опозицијата и дадоа зелено светло на одлуката на турската влада за испраќање турски мировни сили во Либан.

-Сакаме во Либан да има траен мир и запирање на умирање на жени и деца,изјави по разговорите со Анан турскиот премиер Ердоган,кој одговарајќи на негативните реакции во турската јавност,напомена дека кога е мирот во прашање,не може да се седи со скрстени раце,туку треба да се оди на местото и да и се помогне на една соседна земја.

Генералниот секретар на ОН соопшти дека со Израел е постигната согласност за деблокада на Либан во рок од 36 до 48 часа,дополнувајќи дека досегашните искуства во некои други кризни региони во светот упатуваат на тоа дека разорожувањето на Хезболах и другите милиции би било најдобро да се изврши по политички пат,а сите тие групи да се вклучат во политичкиот процес,за што меѓутоа е потребно постигнување консензус во Либан.