1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Турција ја поддржува Македонија за влез во НАТО

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ненајавено престојувал во Истанбул, каде имал средби со претседателот на Турција, Абдула Ѓул и премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Како што соопшти кабинетот на Иванов, централна тема на двете средби вчера била размена на мислења за состојбата со македонската интеграција во НАТО во пресрет на самитот во Чикаго.

„Претседателот Иванов изрази благодарност за поддршката што Македонија ја добива од Турција во Северноатлантскиот сојуз и подвлече дека Македонија ги исполни условите и заслужено очекува членство во НАТО“, се наведува во соопштението.

Türkei verstärkt den Druck auf Syrien Prämierminister Erdogan

Турскиот премиер Ердоган

Претседателот Ѓул и премиерот Ердоган нагласиле дека Македонија секогаш може да смета на безусловна поддршка од Турција.

За време на средбите бил констатиран позитивен тренд во развојот на билатералните односи и соработка и било изразено задоволство од континуираното високо ниво на политички односи меѓу двете држави, кои се

карактеризираат со дух на пријателство, висок степен на доверба и отсуство

на отворени прашања. Соговорниците размениле и мислења и информации за регионалните прашања.

Автор: ЖА/СН/макфакс/миа

Редактор: Симе Недевски