1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција ја обвини Сирија за нападот во Рејханли

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Mун и американскиот државен секретар Џон Кери ги осудија нападите во јужниот турски град Рејханли на границата со Сирија, во кои загинаа 43 лица.

Бан во својата изјава истакна дека најостро ги осудува нападите, напоменуваќи оти за осуда се сите терористички напади и оти нема никакво оправдание за преземање на вакви дејства.

„Се надевам дека извршителите на тие злосторства ќе бидат пронајдени и изведени пред суд што е можно поскоро, рече тој, изразувајќи му сочувство на турскиот народ.

Кери исто така излезе со остра осуда за нападите, извршени со два автомобил- бомби.

„Оваа ужасна вест сите длабоко не погоди. Стоиме до нашиот сојузник Турција, нагласи тој и им изрази сочувство на семејствата на загинатите.

Одговорните за нападите во Рејханли се поврзани со организации, поддржани од режимот во Дамаск, изјави турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер. Тој за државната телевизија ТРТ истакна дека лицата и организацијата кои ги извршиле нападите се идентификувани.

„Утврдено е дека тие се поврзани со организации, поддржани од сирискиот режим и од неговите разузнавачки служби“, рече Ѓулер.

Tote und Verletzte bei Anschlag in Türkei

Автомобилот-бомба кој експлодираше во Рејханли

Заменик-премиерот Бешир Аталај изјави дека според првичните сознанија на истрагата извршителите се од „внатрешноста на Турција“.

„Сигурно е дека случајот нема врска со сириската опозиција и со сириските бегалци, истакна тој. Аталај нагласи дека бројот на жртвите се зголемил на 43 лица, а 53 се потешко ранети и се хоспитализирани. Други околу сто лица се здобиле со полесни повреди во експлозиите на двата автомобили-бомби на границата во провинцијата Хатај.

„Турција го задржува своето право да преземе секаков вид мерки поради нападите“, изјави во Берлин турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу. Тој истакна дека ова прашање ќе го разгледа со премиерот Реџеп Таип Ердоган и додаде дека смета оти нема потреба од вонреден состанок на НАТО по нападите.