1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Турција ја заострува контролата врз интернетот

Турција има намера построго да го контролира интернетот во иднина. Парламентот во Анкара гласаше за законот, кој меѓу другото дозволува блокирање на интернет страници без судска одлука.

Турската влада ја заострува контролата врз интернетот. Парламентот во Анкара во текот на ноќта усвои спорен законски предлог, кој ги овластува телекомуникациските надзорни власти да блокираат интернет страници без судска одлука. Освен тоа интернет понудувачите се обврзани да меморираат податоци на корисниците за две години.

Опозицијата ја обвинува владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган за цензура. Владата пак го оправдува овој чекор со заштита на личните права. Новинарските здруженија стравуваат натамошно ограничување на слободата на печатот. Тие на овој закон гледаат како една од мерките против критичарите на владата.

Законот треба да го потпише уште претседателот Абдула Ѓул.

На средината на декември минатата година правосудните органи приведоа голем број менаџери и политичари од опкружувањето на владата. Тие се обвинуваат за вмешаност во корупциски скандал. Ердоган скандалот го оцени како заговор против неговата влада.