1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција уапси деветмина за нападите во Рејханли

Турската полиција уапси девет осомничени лица за двојниот напад во пограничниот град Рејханли што се случи вчера (11.05).

Сите уапсени се турски државјнаи, го цитираат турските медиуми вицепремиерот Бешир Аталај. Според негови наводи, обвинетите делумно го признале делото.

Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер вчера рече дека луѓето што стојат зад нападите имаат врска со сириското раководство. Тоа денеска е демантирано од страна на Дамаск. Сириската државна новинска агенција Сана го цитираше министерот за информирање Омран ал-Суби, кој вели дека „турската влада дозволила пограничниот регион да стане центар на меѓународниот тероризам“. Анкара за тоа носи морална и политичка одговорност, вели Ал Суби.

Во два напади со автомобил-бомба вчера во Рејханли загинаа најмалку 46 луѓе, а повредени се околу 140.

Поврзана содржина