1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција станува затвор за новинари

Главната опозициска партија во Турција тврди дека дури 64 новинари се во затвор, а 123 се пред суд и го обвинува исламистичкиот премиер Ердоган дека ја претвора земјата во „полуотворен“ затвор за новинарите.

default

Апсење на новинарот Гокан Бичиси

Републиканската народна партија денеска објави извештај за новинарите во затворите во Турција од коj произлегуваат застрашувачки податоци. Организациите за човекови права соопштуваат дека слободата на печатот е се' помала, а автоцензурата на медиумите - во страв од санкции, се’ поголема.

Партијата наведува дека новинарите се во затвор поради својата професионална активност, додека од владата тврдат дека тие се во затвор поради тероризам.

Едно здружение на новинари објави дека персоналот во дури 59 медиуми е отпуштен или принуден да поднесе отказ поради известувањето за антивладините демонстрации во јуни годинава. Некои новинари останувале без работа и во случаи кога во лични пораки на интернет изразувале симпатии за демонстрантите.