1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција: Спасувачките екипи во трка со времето

Во земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала во источна Турција досега загинале 264 лица, а 1300 се повредени. Последователните потреси постојано ја отежнуваат работата на спасувачките екипи.

default

Еден од моментите на среќа во катастрофата. Двајца спасувачи извлекуваат жена од под урнатините

Градот Ерчис- ден по земјотресот - без пауза спасувачките екипи трагаат по затрупани. И понекогаш имаат среќа. Во урнатините на една куќа, тие пронајдоа едно момче во безсознание, но живо. За другите помошта веројатно доаѓа предоцна. „Со брат ми бевме приклештени под урнатини. Мене можеа да ме спасат, но тој се’ уште е заглавен“.

Schweres Erdbeben in der Türkei

Трката со времето продолжува

„Лошо е. Многу наши пријатели и роднини се и натаму под урнатините. Се’ уште ништо немаме чуено од нив“.

Помош понуди и Израел

Уште во текот на ноќта премиерот Реџеп Таип Ердоган допатува во погодениот регион. Ги посети повредените. Колку пак загинале во потресот, не можеше ни тој да каже.

„Не знаеме колку многу луѓе се’ уште има во урнатините од паднатите згради. Би било погрешно да се каже бројка. Се надеваме дека многу од нив ќе ги најдеме живи“.

Türkei Erdbeben

Премиерот Ердоган веднаш допатува во погодениот регион

Беше рано попладне кога земјата во провинцијата Ван силно се тресеше. Многу куќи овде не се градени по сеизмолошки стандарди, иако Турција е посебно загрозена.

Земјата се наоѓа на територија на која се допираат две тектонски плочи- евроазиската и арапската. Со поместување на двете плочи се создава екстремно висок притисок, кои постојано предизвикува земјотреси, како овој во регионот Ван. Многу земји понудија помош. Германија, САД но и Израел и покрај политичките тензии меѓу двете земји.

Автор:Михаела Хунгер/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска