1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција со копнени трупи во Ирак

Турција испраќа копнени трупи во Северен Ирак заради справување со курдските бунтовници.Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс ненајавено го посети Ирак

default

Турските трупи се стационирани на границата кон соседот

Два дена откако турската воена авијацијаизведе напади врз позиции на Курдската работничка партија ПКК во Кандил планинскиот венец,турската армија вчера за првпат навлезе во ирачка територија.Како што се вели од армиски извори,границата ја преминале околу 300 војници за да се справат со курдските бунтовници кои наводно планирале напади врз турска територија. Владата на Турција се чувствува приморана да преземе некои чекори против курдските бунтовнииц под притисокот на опозицијата.Премиерот Ердоан истакна: „Акциите не се насочени ниту против интегритетот на Ирак,ниту против тамошното население.Но,базите на терористичката организација ПКК за нас се закана.Од оваа причина никој нема да не одврати да делуваме со политички,дипломатски,воени,економски и социјални средства.“ Ново во оваа ситуацијае што изостана поголем меѓународен протест.Анкара вчера навистина беше опомената од ЕУ на воздржаност,но изостануваат натамошни последици,зашто тероризмот во цел свет мора да биде сузбиван,а ПКК и од САД ,и од ЕУ и од Турција е означена за терористичка организација.Турскиот претседател Абдула Ѓул подвлече: „Нашите аргументи се примени во светската јавност,таа крајно е убедена дека Турција делува со право.Ако не беше така,меѓународните реакции ќе беа поинакви.На Турција и успеа да го убеди светот дека работи во оправдана цел.“ САД ги снабдуваат турските војници со разузнавачки информации за курдските бунтовници во Северен Ирак.Постојат гласови дека Вашингтон бил информиран за турските напади во Северен Ирак.Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс која стигна во ненајавена посета на Ирак меѓутоа демантираше дека акцијата на Турција била со одобрение на САД. Ирачката влада пак упати остри протести до Анкара поради нападите на турската армија.

►◄