1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Турција – состојба

Генералниот секретар на Советот на Европа, Тери Дејвис, ја повика армијата во Турција да се држи настрана од политиката. Воените сили не треба да се обидуваат да се мешаат во изборот на нов претседател на земјата, соопшти Дејвис.

И Европската комисија повторно ја повика турската војска на воздржаност.Портпарол на Комисијата во Брисел не сакаше да ги коментира ни протестите против ЕУ,изјавувајќи дека правото на демонстрации е дел од демократските слободи.

Генералштабот на турската армија се изјасни недвосмислено против изборот на Абдула Ѓул за нов турски претседател. Во Истанбул, вчера, повеќе од еден милион луѓе демонстрираа против свртување на земјата кон исламизам. Демонстрантите бараа задржување на поделбата меѓу религијата и државата.