1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Турција се сомнева во германското правосудство

Во Турција е се“ погласна критиката поради подготовките за процесот против НСУ. Сликата за Германија ја заматува фактот дека на ниту еден турски медиум не му беше дозволено да присуствува на судењето.

Поделбата на местата за новинарите во судницата е веќе втора одлука на Вишиот покраински суд во Минхен која предизвика негодување уште пред почетокот на процесот против неонацистичкото трио од Цвикау- припадници на т.н. Националсоцијалистичко подземје (НСУ). Судот предизвика реакции најпрво со одлуката да не му додели место на турскиот амбасадор во судницата, и покрај тоа што претходно претседателот на истражното биро за случајот НСУ, Себастијан Едати при посетата на Турција изрази надеж дека турските политичари ќе можат да го следат текот на судењето.

Едати притоа не мислеше само на турскиот амбасадор, туку и на претседателот на Одборот за човекови права во турскиот парламент, Ајхан Сефер Устун. Едати се надеваше дека присуството на турските претставници ќе биде уште еден сигнал за транспарентноста при соочувањето со злосторствата на НСУ.

Но тие надежи паднаа во вода, откако судот ја одби можноста за резервација на места за турските претставници. Одлуката не беше прифатена со воодушевување

Bundesanwalt ermittelt zu Polizistenmord und NSU-Morden

Осум жртви на НСУ беа турски мигранти

во Анкара, но немаше ни некои поголеми реакции. Но, тоа се смени откако влез во судницата не им беше дозволен ниту на турските медиуми. Со тоа судот се погрижи, процесот во кој се суди за 10 убиства од кои осум на турски мигранти во Германија, уште непочнат да добие негативен публицитет во Турција. Официјалното образложение на судот е дека судницата може да прими само 50 новинари и сите места се веќе пополнети, според принципот кој прв се пријавил.

Негативна слика за Германија

Сега може да се случи турскиот амбасадор да седи во публиката, дури и во друштво со симпатизерите на неонацистичката групација, вели Фарук Шен, поранешен шеф на Центарот за турски студии во Есен. Тој објаснува дека осуммината убиени Турци од страна на НСУ биле и турски државјани, и оттука турската држава мора да се грижи за овој случај. Одбивањето на резервациите за амбасадорот и чудната распределба на местата за медиумите буди сомнеж дека некој сака „Турците да ги држи на страна“, вели Шен. Тоа во Турција ќе предизвика сомнеж дека германската влада сака нешто да сокрие.

Rechtsextremistische Terroristin Beate Zschäpe NEU

Беате Чепе, припадник на НСУ на која ќе и се суди во Минхен

Шен исто така смета дека може да се очекуваат и негативни последици за сликата за Германија во Турција.

И Орал Чалишлар, главен уредник на весникот „Тараф“ од Истанбул бара да се промени одлуката на минхенскиот суд. Поради наводната вмешаност на германските безбедносни служби во злосторствата на НСУ, мора да им се овозможи на турските медиуми директно да го следат процесот, вели Чалишлар.

Без оглед на тоа како ќе заврши приказната со распределбата на местата, на две недели пред почетокот на процесот во Турција растат сомнежите во веродостојноста на германското правосудство кога е во прашање односот кон злосторствата со десно-екстремистичка позадина.