1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција се подготвува за напад врз Ирак

Турција стави во највисока борбена готовност 250 илјади војници,воздухопловни сили и оклопни единици за прекугранична операција во Северен Ирак и само е прашање на време за напад врз камповите на сепаратистичката Курдистанска работничка партија ,кои се стационирани во овој регион.

Курдски војник во Северен Ирак

Курдски војник во Северен Ирак

Одлуката за ставањето во состојба на највисока готовност на армијата е донесена по двата состаноци на највисокиот Одбор за борба против тероризмот на кој покрај премиерот Реџеп Таип Ердоган и ресорните министри учествуваа и највисоките команданти на Генералштабот на армијата на кои е одлучено дека треба да се стави крај на нападите на терористичката ПКК во кои во последните три дена загинаа 15 турски војници. Со порака дека трпението е изминато, на армијата и се дадени одврзани раце за прекуграничен напад за кој постои бланко наредба со важност од пет часот изутринава.Во меѓувреме по дипломатски канали за започнување прекугранична турска воена акција во Северен Ирак извесетни се и стратешкиот партнер во Вашингтон и ирачката Влада,на кои им е порачано-или тие да ги растурат камповите на ПКК во Северен Ирак или тоа ќе го направи турската војска.Во очекување на реакциите на Вашингтон,кој веќе навести дека не гледа благонаклоно на турска интервенција во Северен Ирак,Турција не дава никакви знаци дека е подготвена да ја запре воената машинерија која забрзано се стационира во регионот долж границата со Ирак.Стигнуваат вести дека префрлувањето на пешадиските и командоските единици е при крај и дека авионите од типот Ф 4 и Ф 16 веќе се вооружени со бомби и заедно со хеликоптерите Кобра и Супер Кобра подготвени за поддршка од воздух,а на Вашингтон му е дадено на знаење дека Турција има легитимно право на одбрана против тероризмот и дека е неприфатлив двојниот американски стандард во поглед на оправдувањето на израелската воена акција во Либан,а двоумењето околу преземање мерки против ПКК во Ирак.