1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Турција – референдум

*

Врховниот суд на Турција го одобри одржувањето референдум за барањето на владеачката партија на премиерот Реџеп Таип Ердоган во иднина претседателот на државата да се бира директно од народот. Конзервативно религиозната партија на Ердоган го објави ваквиот предлог по блокадата на изборот на нејзиниот кандидат за претседател Абдула Ѓул во парламентот. Референдумот според најавите би можел да се одржи во октомври. Претходно Турците ќе бираат нов парламент и тоа на 22. овој месец.