1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Турција – протести

Во главниот град на Турција протестираа повеќе стотици илјади луѓе против можната кандидатура на премиерот Реџеп Таип Ердоган за иден претседател на државата. Демонстрантите се одзваа на повикот на опозицијата и допатуваа од сите делови на Турција за да се заложат за одржување на секуларниот карактер на државата. Противниците на Ердоган стравуваат дека тој би можел да ја поведе земјата на исламистички курс. Со оглед дека според турскиот устав претседателот на државата го бира парламентот, би можело многу лесно да се случи исламистичко конзервативната партија на Ердоган да го избере во мај за нов претседател.