1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Турција - протести

Десетици илјади луѓе демонстрираат во градовите Чанаккале и Маниса против исламски-ориентираната влада на Турција. Тие носат слики на основачот на републиката, Кемал Ататурк, кој вовел стриктна поделба на религијата и државата. Со собирите, демонстрантите се надоврзуваат на големите протести во Истанбул и Анкара, на кои стотици илјади луѓе протестираа против исламизирање на Турција од кое се стравува. Утре, министерот за надворешни работи, Абдула Ѓул повторно стои на избор во парламентот за иден претседател на земјата. Во четвртокот беше донесена одлука за предвремени избори во јули, откако уставниот суд ја анулираше првата рунда на избор на претседател.