1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Турција пред портите на Брисел

Коментар на Бернд Ригерт

Вчера во Брисел е донесено решение од историска важност: Европската комисија прeпорача почнување преговори за прием на Турција, но под строги услови. Конечното решение, како што е познато, треба да го донесе самитот на Унијата во декември, но се смета за многу веројатно дека тој ќе ја следи препораката на Комисијата. Непосредно пред крајот на функцијата како комесар за проширување Гинтер Ферхојген го донесе најважното решение во неговата политичка кариера. Тој препорача почеток на преговори за членство со Турција и ги испрати Европската унија и Турција на долго и рискантно патување. Но, кој не ризикува, не може ни да добие. Според Брисел за преговорите нема друва алтернатива. Турција едноставно беше предобра, изјави Ферхојген, мислејќи на тивката револуција кон правна држава што се одвива во последниве години на Босфор. Интересите на Унијата за интеграција со една мулсиманска, но кон Европа завртена земја се поголеми од опасностите кои не треба да се премолчуваат. Со низа контролни механизми Ферхојген има намера процесот реформи да биде вистина неповратен и долгорочен. Овие услови треба да го смират јавното мислење во Европа, подеднакво како и двоумењата меѓу претседателите на држави или влади. За Турција, која со години се надева на членство, овие специјални услови претствуваат нова тактика на одлоговлекување. Меѓутоа, премиерот Реџеп Таип Ердоган ќе мора да го проголта овој морков ако не сака да го загрози целиот процес. За финансиските ризици Брисел официјално многу малку соопшти. Тоа ќе може вистински да се проценува дури во 2010 или 2014 година, изјави претседателот на Комисијата Романо Проди. Дали ЕУ тогаш ќе биде фит за да издржи еден нов член, тоа сега никој не може да го каже. За Турција ветувањето за почеток на преговорите за членство беше прашање на националната чест. Сега турската влада мора бргу да прифати дека членство во ЕУ значи да се упатат компетентности кон Брисел и делумно откажување од суверенитетот. Не се малку аналитичарите во Анкара и Истанбул кои велат дека можеби на крајот силно национално ориентираната Турција самата ќе сфати дека полноправно членство во Унијата не е она вистинското. До завршувањето на храброто патување нема да се промени само Турција, туку и Европската унија. Тоа значи и конечно збогување од германско-францускиот интегративен мотор. Британско-полската замисла за слободна трговска зона од Турција ќе биде силно поддржувана. Европа, вклучувајќи ги и балканските држави, тогаш ќе има 30 членки и ќе гради концентрични кругови на поголема соработка меѓу групи држави. Паролата за тоа гласи: јадро на Европа. Стратегиските и безбедносните предности што наводно ќе ги донесе турското членство, главно ги истакнуваат западните Европејци, пред се германскиот канцелар Герхард Шредер и неговиот министер за надворешни работи Јошка Фишер. Во Турција пак се слуша тезата за мост меѓу Запад и исламскиот свет. Од Европа главно се очекуваат политичка стабилност и економски полет со работни места од Дарданелите се до југоисточна Анадолија. А, за до го искористи старегискиот потенцијал на Турција, Европа конечно мора да развие заедничка надворешна политика. Патувањето што започна во средата ќе биде долго. Дали ќе води до целта е неизвесно.

Бернд Ригерт