1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција по пучот: на отстрел новинарите и административците

Последиците од неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година во Турција беа драстични и се уште се видливи една година подоцна. Ги прегледуваме бројките и фактите за настанот кој ја потресе трауматизираната нација

Тоа беше вообичаено петочно попладне за турските граѓани. Навикнати на зајакнатите безбедносни мерки по серијата напади, вестите дека војници го блокираат мостото на Босфор во Истанбул и дека авиони ја надлетуваат Анкара, луѓето ги интерпретираа како мерки на претпазливост од можен терористички напад.
Кога премиерот Бинали Јилдирим се појави на телевизија неколку часа подоцна и рече дека е во тек обид за пуч, милиони граѓани кои никогаш не посведочија на пучот од 1980 година беа во шок. Во ноќта на неуспешниот пуч, 249 луѓе ги загубија животите и повеќе од 2.000 беа повредени. Десетици државни објекти беа оштетени како резултат на директни напади од армијата, вклучително и парламентот и претседателската резиденција во Анкара.

Вонредна состојба

Една од првите реакции на претседателот Реџеп Таип Ердоган и владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) по неуспешниот пуч беше воведувањето на вонредна состојба на 20 јули, како мерка за пронаоѓање и прогон на извршителите. По почетните три месеци, вонредната состојба беше продолжена уште три пати, и истекува на 20 јули годинава. Највидливата последица од неа на политичко ниво беше можноста да се објавуваат извршни акти: претседателот доби можност да носи закони без парламентарна контрола. Од прогласувањето на вонредната состојба беа објавени 24 извршни одлуки од претседателот. Опозициските партии во земјата ги критикуваат овие одлуки како недемократски и тврдат дека тие фактички го укинале парламентот.

Türkei Putschversuch (picture-alliance/AA)

Пучисти во Анкара

Апсења и притвори

Масовната чистка имаше висока цена. Повеќе од 169 илјади луѓе се обвинети за врски со организацијата на Фетула Ѓулен, која, според владата, стоеше зад пучот. Според министерот за правда Бекир Боздаг, повеќе од 50 илјади луѓе биле уапсени, а по околу 8 илјади сѐ уште се трага. Илјадници институции беа затворени, меѓу нив универзитети, приватни училишта, здравствени домови, фондации и здруженија кои наводно имале врска со Ѓулен.
Дополнително, 965 компании осомничени за врски со Ѓулен се најдоа на мета на властите. Според проценките на турските власти, од овие фирми биле запленети средства во висина од околу 10 милијарди евра. Иднината на 46,357 вработени во овие фирми останува неизвесна.

Türkei Diyarbakir Lehrerproteste (Getty Images/AFP/I. Akengin)

Апсење на учители во Дијарбакир

Цената ја плаќаат и јавните службеници

Повеќе од 150 илјади јавни службеници беа суспендирани, а над 100 илјади отпуштени. Министерството за образование е особено погодено: отпуштени се околу 33 илјади учители, покрај нив, без работа останаа и 10 илјади вработени во полицијата, 7,600 вработени во армијата, и 3,400 во правосудниот систем.
Настрадаа и многу академици- 5,295 поточно, а повеќе од 100 се уапсени.

Гледај видео 02:40

„Внук ми загина за ништо“


Медиумската сцена, која и онака беше под жесток притисок поради повеќегодишните истраги и затворања пред пучот, во вонредната состојба претрпе уште посериозен удар. Според Платформа 24, независна медиумска иницијатива, во моментов во затвор се 166 новинари во Турција. Пред пучот, тој број изнесуваше 40 новинари. Турската влада тврди дека овие лица биле уапсени поради врски со движењето Ѓулен или се осомничени за активности поврзани со тероризам. Освен 24 медиумски организации кои успеаја да продолжат со работа по кусото затворање, 160 остануваат затворени и една година потоа, тврди Амнести Интернешнл.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема