1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција почна копнена офанзива во Северен Ирак

Турската армија со две бригади составена од неколку илјади војници навлезе во северен Ирак во офанзива против курдските бунтовници.

default

Турската армија на границата со Северен Ирак

Турција не чекаше пролетта и наспрот лошотот време почна копнена операција против Курдистанската работничка партија во Северен Ирак. Генералштабот на турската армија соопшти дека целта на копнената воена операција не е вперена против целовитоста на Ирак туку исклучиво против Курдистанската работничка партија ПКК и дека турските сили во најкус рок ќе се вратат назад. Според нив копнената операција формално почна уште синоќа и одби да открие колкави сили се ангажирани во нападот. Иако во овој момент никој не сака да одобри, очигледно е дека копнениот напад е одобрен од САД, чии сили инаку се наоѓаат во Северен Ирак. Портпаролот на Стејт Департментот пред два дена одговори дека цитат „ САД во борбата против терористичката ПКК и даваат на Турција најдобри разузнавачки информации.“