1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Турција – парламент

ЕУ ја поздрави одлуката за предвремени парламентарни избори во Турција како решение за излез од државната криза.Таа до земјата кандидат за членство апелираше да овозможи фер гласање.

Турската владеачка партија, АКП, поднесе предлог-закон за предвремени парламентарни избори. Тие би требало да се одржат на 24 јуни. Премиерот Реџеп Таип Ердоган нови избори најави уште во текот на вчерашниот ден. Ердоган на тој начин реагираше на анулирањето на првата рунда од претседателските избори од страна на уставниот суд во земјата. Кандидатот на владеачката партија, Абдула Ѓул во првата рунда избори во парламентот не го доби неопходното мнозинство гласови. Многу турски граѓани стравуваат од растечка исламизација на земјата, доколку идниот претседател и припаѓа на владеачката партија.