1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Турција најавува реформи во правосудството

Со нов реформски пакет турската влада има намера да ги прилагоди законите за антитероризам на европоските норми. Опозицијата во ова гледа само алиби-иницијатива.

Турција постојано е на отстрел на критиката од страна на ЕУ или меѓународните НВО поради масовно ограничување на слободата на печатот и слободното изразување, како и злоупотреба на антитерористичките закони. Во овој контекст, во моментов, во тек се околу 450 постапки против Турција пред Европскиот суд за човекови права.

Ова треба да се промени. Религиозно-конзервативната владејачка партија АКП изработи опсежен пакет реформи. Тежиште е поставено на законите на антитероризам. Нацрт законот предвидува во иднина да се прави јасна разлика меѓу активно членство во една забранета организација и едноставна поддршка на нејзините цели.

„Прилог за решение на курдскиот конфликт“

Ваквата нова дефиниција на терористичките деликти би можело да значи слобода на голем број курдски затвореници. Турските медиуми очекуваат дека по законската реформа ќе бидат ослободени повеќе од илјада Курди. Многумина затворени курдски опозиционери се обвинуваат дека активно ги поддржуваат целите на забранетата Курдска работничка партија (ПКК). ПКК речиси 30 години се бори за политичка автономија во областите на источна и југоисточна Турција населени со мнозинско курдско население.

Многумина набљудувачи во намерите за реформа на правниот систем гледаат прилог за решение на курдскиот конфликт. Имено, реформата временски се совпаѓа со разговорите кои веќе неколку месеци се водат со затворениот водач на ПКК, Абдула Оџалан. Се очекува разговорите меѓу преговарачите на турската влада и Оџалан да бидат продолжени наредните денови. Курдскиот конфликт досега однесе поеќе од 45.000 животи.

Турската влада пред околу четири години најави нова политика кон Курдите, насловена „Отворање кон Курдите“. Повеќедецениското државно дискриминирање на Курдите со тоа требаше да биде завршено. Меѓутоа, и покрај големите најави, делата изостанаа. Но изостана и неопходната јавна поддршка. Како меѓу турските политичари, така и во турската јавност, ваквата политика на отворање не наиде на големо одобрување. Со оглед на тоа што ПКК постојано изведуваше напади, претежно врз воени цели со повеќе жртви, политиката за отворање кон Курдите остана нереализирана. Сега труската влада прави нови обиди да го реши овој конфликт.

Министерот за правда се залага за поголема слобода на мислењето

Друг важен дел од реформата, според наводи на турскиот министер за правда Садула Ергин, е прилагодување на слободата на слободно изразување и слободата на печатот на ЕУ-нормите. Меѓутоа, засега се’уште не е познато кои конкретни подобрувања се предвидени.

Ергин само укажа на тековните постапки пред Европскиот суд за човекови права и дополни: „Во моментов, за жал, постои многу негативна слика за Турција. Мора да ја ослободиме нашата земја од овој товар и да се погрижиме, да биде загарантирана слободата на мислењето. Со нашиот предлог закон сакаме да ја унапредиме правната држава“.

Едена од намерите е и укинување на одредбата за застарување на деликтите со измачување. Со тоа би се намалила критиката кон Турција дека до таа мера ги успорува процесите со измачување, додека не биде постигнат рокот за застарување од 20 години и на тој начин обвинетите избегнуваат казна за нивните дела.

Познатиот пијанист Фазил Шај пред суд

Fazil Say Pianist Türkei Deutschland

Турскиот пијанист Фазил Шај

Во Турција повеќе пати познати личности мораа да одговораат пред суд поради ограничената слобода на мислењето. Во последниот случај станува збор за познатиот пијанист Фазил Шај, кој се обвинува за богохулство. Шај преку Твитер изнесе критички и потсмевачки формулирани изјави во врска со исламската „преголема побожност и хипокризија“.

Тројца турски граѓани го пријавија Шај и го обвинија дека тешко ја навредил исламската религија и верниците и јавно ги понижил религиозните вредности. Процесот кој започна минатиот октомври треба да продолжи в понеделник (18.02.13).

За опозицијата тоа е само алиби-иницијатива

Опозицијата во реформските намери на АКП гледа само алиби-иницијатива. Вицепретседателот и портпарол на најголемата опозициона партија Републиканската народна партија, Халук Коч, изјави дека нацрт законот содржи само мали корекции, а не опсежни подобрување. Главна цел на владата била „само да ги заврши големиот број постапки кои се водат против Турција пред Европскиот суд за човекови права“.

Според податоци на министерството за правда, владата реформскиот пакет наредните денови ќе го изнесе пред турскиот парламент.

Поврзана содржина