1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Турција – конфликт

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган ги повика своите сонародници да останат мирни и во земјата да се задржи внатрешната стабилност. Во говор до нацијата Ердоган оцени дека во мандатот на конзервативно-исламската влада земјата направила невиден скок напред. Турската армија, која себеси се гледа како заштитник на принципот на поделба на државата и религијата во Турција, за време на викендот ја предупреди владата да не го именува Абдула Ѓул за претседател на земјата. Против кандидатурата на Ѓул изминатите денови во Турција протестираа и илјадници луѓе. Тие стравуваат дека со изборот на Ѓул се заканува исламизација на турската политика.