1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција за Сирија - каде одиш соседу?

Турција планира меѓународна конференција за конфликтот во Сирија. Но, како се однесува турската влада кон нејзиниот непосреден сосед – Сирија?

default

Демонстрант во Турција протестира против режимот на Башар ал-Асад

Ахмет Давутоглу сака да ги покани претставниците од сите засегнати земји, за да промовираат заедничка позиција за ескалацијата на насилството во Сирија. Турција е директен сосед на Сирија и преку нејзината граница бегаат илјадници луѓе поради бруталната репресија од страна на режимот на Асад. Селата во близина на границата се се’ повеќе погодени од насилните судири во Сирија.

„Мојот сосед има дупки од куршуми во неговите соларни панели и во сателитската антена. Граничната контрола беше тука и регистрираше штети. Стравот овде е голем. Пред се’ се плашиме од гранатите и ракетите“, вели еден жител во јужната турска провинција Хатај.

Türkei muss mit Tausenden Flüchtlingen aus Syrien rechnen

Турција мора да се справи со илјадници бегалци од Сирија

„Вчера вечер, помеѓу 20 и 21 часот, повторно слушнавме пукање. Потоа, не излегуваме на улица и ќе се забарикадираме на сигурни места во куќата“, вели друг жител во провинцијата Хатај.

Илјадници Сиријци бегаат преку турската граница

Повеќе илјади Сиријци веќе имаат пребегано во Турција, преку речиси 900 километри долгата граница. Уште многумина би можеле да побегнат. Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу ги повика во својата земја сите прогонувани и малтретирани Сиријци. Ако ситуацијата ескалира понатаму, полза би можеле да имаат многуте бегалци.

„Ни треба нова иницијатива, која треба да ги обедини сите што го поддржуваат сирискиот народ, а не режимот во Сирија“, изјави премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Türkei verstärkt den Druck auf Syrien Prämierminister Erdogan

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган оцени дека она што се случи во Советот за безбедност е фијаско

Нејасно е каква цел треба да има оваа иницијатива. Но, јасно е дека турската власт е многу загрижена за развојот на јужниот сосед. Исто така е и многу разочарана поради гласањето во Советот за безбедност и ветото на Русија и Кина против резолуцијата на ОН за Сирија.

„Она што се одигра во Советот за безбедност на ОН е фијаско. Советот за безбедност не е во можност да ја исполни својата задача – одржување на меѓународната безбедност“, оцени Ердоган.

Резолуцијата немаше да го запре насилството

Многу неверојатно е дека ако беше усвоена резолуцијата на ОН, ќе запреше насилството во Сирија. По нејзиното отфрлање, спиралата на насилство од викендов се засили.

Syrische Flüchtlingslager

Камп за бегалците од Сирија

„Не верувам во надворешна помош. Не чекаме и не се надеваме на таква помош. Неуспехот во Советот за безбедност на ОН е однапред програмиран. Од комунистичките фосили Кина и Русија не можеше ништо друго да се очекува. Овие земји би реагирале исто како Асад, ако се побунат граѓаните“, вели Омар Шаваф од сирискиот Национален совет, кој живее во Турција.

Сирија е значајна за Турција како економски партнер, транзитна земја и како фактор на стабилност. Турција ќе се обиде да влијае колку што може повеќе на развојот во Сирија. Тоа би можело да вклучи и вооружување на бунтовниците и создавање на 20 километарска безбедносна зона по должина на турско-сириската граница. Еднострани чекори Анкара исклучува, но не и координирани воени акции во рамките на ОН и Арапската лига. Веројатно во таа насока оди и новата иницијатива на Ердоган.

Автор: Рајнхард Баумгартен / Александар Методијев

Редактор: Симе Недевски