1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Турција за преговори околу Кипар

Турција денеска официјално ги замоли ОН да упатат посредник за спорот околу Кипар. Ова го соопшти турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан по средбата со генералниот секретар на Светската организација, Кофи Анан на маргините од Светскиот економски форум во Давос. Ердоган истовремено нагласи дека неговата влада е заинтересирамна за изнаоѓање решение за надминување на поделбата на островот до 1. мај, кога Кипар треба да и' пристапи на ЕУ. Доколку до тогаш меѓутоа не се најде излез од застојот во преговорите во ЕУ ќе биде примен само грчкиот дел од островот, а не и северниот дел кој се наоѓа под турска окупација од 1974. година. Таму, пак, парламентот и' изгласа доверба на новата влада на премиерот Мехмет Али Талат, кој по победата на изборите во декември се изјасни за продолжување на прекинатите преговори за обединување на Кипар врз основа на планот на генералниот секретар на ОН, Кофи Анан.

Како подготвка за претстојните преговори, денеска во Анкара престојува претседателот на кипарските Турци, Рауф Денкташ, по вчерашното решение на Националниот совет за безбедност на Турција да го поддржи продолжувањето на меѓународното посредништво. Во соопштението на Советот за безбедност, во кој седат и високи претставници на армијата, се нагласува политичката волја на Турција за брзо изнаоѓање компромисно решение. Истовремено, Советот бара да се почитуваат реалностите на островот.

Офицјална Атина денеска ја критизираше одлуката на Турскиот национален совет за безбедност, во која повторно доаѓа до израз барањето за зачувување на поделбата на Кипар. Од кругови на грчкото Министерство за надворешни работи се дознава дека формулацијата според која мора да се почитуваат реалностите на островот, претставува индиција дека турското раководство сепак не го изменило стариот став, поради кој впрочем и пропаднаа сите досегашни преговори со и без меѓународно посредување.