1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Турција – ЕУ

Турција има намера да биде подготвена за влегување во ЕУ до 2014–та година. Тоа е целта на работната програма за наредните 7 години што ја претстави шефот на дипломатијата Абдула Ѓул во Анкара. Тој порача дека со планираните законски реформи ќе се овозможи прилагодување на турското кон европското законодавство без оглед на одвивањето на преговорите за членство. Преговорите се моментално во застој поради спорот меѓу Брисел и Анкара околу признавањето на Турција на Кипар, како членка на ЕУ.