1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Турција доби зелено светло од ЕУ, за возврат индиректно го призна Кипар

Европските лидери позитивно го оценија вчерашниот историски самит на Унијата во Брисел. "Постигнавме решение кое е добро и за Европа и за Турција,, изјавија тие по завршувањето на самитот, на кој турскиот премиер Реџеп Ердоган се согласи да потпише протокол со кој што, индиректно се признава Кипар.

Прашањето дали Турција ќе попушти за признавањето на Кипар беше една од најголемите дилеми на евросамитот во Брисел. Холандија, која во моментов пртетседава со ЕУ, тоа го формулираше како предуслов за почеток на преговорите Анкара Брисел, но наиде на стриктно одбивањее.

Евролидерите, потоа отворија друга можност – за индиректно признавање на Кипар. Претседавачот со Унијата Јан Петер Балкененде објасни како ќе се примени протоколот, кој што го донесе клучното решение.

,,Премиерот Ердоган се согласи, тој соошти дека ќе го потпише протоколот од Анкара, а евролидерите, во завршното соопштение го поздравија тој став. Сакам да нагласам дека оваа мерка мора да се спороведе пред почетокот на преговорите, 3 октомври наредната година, рече Балкененде.

Тн. Протокол од Анкара предвидува проширување на царинската Унија меѓу Турција и ЕУ и кон 10 те нови членки. Бидејќи меѓу тие земји е и Кипар, Турција, фактички би ја признала државата. Турскиот премиер Ердоган , меѓутоа, во своето завршно соопштение нагласи дека потпишувањето на протоколот не значи и признавање на Кипар и дека тоа нема да се случи ни во иднина.

Германскиот канцелар Герхард Шредер, кој поради важното гласање во Бундестагот мораше да отпатува пред завршувањето на Самитот, изјави:

Централното прашање на овој самит е позитивно решено. Значи, јасно е дефинирана целта, има и термин, а алтернативите за тоа не се формулирани.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо за исходот од самитот изјави:

,,Европската Унија и ја отвори вратата на Турција. Навистина верувам дека донесовме одлика која што е добра и за Турција и за ЕУ. Таа одговара на потребите на двете страни и ни дозволува да продолжиме понатаму. Ова е ден кога турскиот народ може да ја слави својата нова, европска иднина .. рече Баросо.