1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Турција – демонстрации

Во главниот град на Турција вчера повеќе стотици илјади луѓе протестираа против можната кандидатура на премиерот Реџеп Таип Ердоган за иден претседател на државата. Демонстрантите се одзваа на повикот на опозицијата и допатуваа од сите делови на Турција за да се заложат за одржување на секуларниот карактер на државата. Противниците на Ердоган стравуваат дека тој би можел да ја поведе земјата на исламистички курс. Со оглед на тоа дека парламентот го избира претседателот на државата, исламистичко конзервативната партија на Ердоган, која има сигурно парламентарно мнозинство, лесно може да го избере во мај за нов претседател.