1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција го повлече амбасадорот во Вашингтон

Односите меѓу традиционалните сојузници: Соединетите Американски Држави Турција паднаа на историски ниско ниво.

default

По протестите, сега Турција го повлече и амбасадорот

Синоќа Турција го повика својот амбасадор во Вашингтон на „консултации„ во земјата.

Решението на надворешно-политичкиот одбор за таква оценка на масакрот врз Ерменците, не претставува изненадување. Со децении малото, но влијателно лоби на Ерменците во САД работи врз таа цел. Досега распоредот на силите во Конгресот спречуваше соодветно решение. Освен тоа, Турција е еден од најважните сојузници на Вашингтон. Пред се, преку Турција се одвива транспортот на трупите и снабдувањето во Ирак. Но, отако во почетокот на годинава демократите го презедоа мнозинството во Конгресот, пратениците од сојузните држави во кои има големо ерменско малцинство како Калифорнија, Њу Џерси и Мичиген, темата повторно се врати на дневен ред. Претседателката на Конгресот Ненси Пелози, на прашањето зошто токму сега се случи гласањето, изјави:

„Никогаш не постои соодветен термин. Меѓутоа, сите членови на раководството на демократската партија го поддржуваат американското признавање на геноцидот„.

Бидејќи резултатот беше предвидлив, американските дипломати со недели се обидуваа да ги подготват своите приврзеници за овој случај. Непсоредно пред гласањето Џорџ Буш, како и министерката за надворешни работи Кондолиза Рајс и министерот за одбрана Роберт Гејтс се јавија за збор. Сепак, нивното заедничко укажување дека резолуцијата ќе го предизвика сојузникот во НАТО остана без резултат.

Пратеникот од Калифорнија Том Лантос, кој е и претседател на одборот што ја усвои резолуцијата, е роден во Унгарија и како тинејџер бил испратен во нацистички логор. За телевизија ЦНН тој изјави:

„Со сиот респект кон турската влада, американско-турските односи се многу повеќе вредни за Турција, отколку за САД. Турската влада нема да се постави наспроти американската, зашто тоа е против нејзините интереси. Во тоа сум убеден„.

По донесувањето на резолуцијата, министерката Рајс изјави:

„Усвојувањето на оваа резолуција во овој момент ќе биде многу проблематично за се што се обидуваме да направиме на Блискиот исток„.

Со повлекувањето на својот амбсадор во Вашингтон, Турција жестоко реагираше. Притоа, претстои уште поголем симбличен акт: Ненси Пелози е решена резолуцијата во наредните недели да биде ставена на гласање во Конгресот.