1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција гледа зголемена опасност од тероризам

По самоубиствениот напад врз американската амбасада во Анкара турските власти предупредуваат од натамошни терористички акти. Медиумите информираат дека трагата на атентаторот води во Германија.

Со заштитно елече и автоматски пиштол Еџевит Санли позира на фотографијата со две знамиња со срп и чекан и со црвената ѕвезда на комунистите, левата тупаница стои пред едно црвено копче, она копче кое ќе до притисне откако ќе биде направена фотографијата во влезниот простор на американската амбасада во Анкара.

Фотографијата на Санли е дел од писмото на интернет со кое левичарско-екстремниот револуционерен фронт на Народната ослободителна партија (ДХКП-Ц) ја презема одговорноста за смртоносниот напад на 1. февруари. Во писмото ДХКП-Ц ги навредува Соединетите Американски Држави како „Монструм“ кој бил „директно одговорен“, за „секоја капка крв“ што се пролева во Сирија, Авганистан, Ирак, Либија и Египет.

Освен ова, нападот на оваа група, која во Турција, САД и ЕУ е се смета за терористичка организација, бил насочен и против владата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, која на САД им служела како „лакеј“.

Презир и предупредување

Südkorea Seoul Atom-Gipfel Obama Erdogan

Турскиот премиер Ердоган и претседателот на САД Обама

Атентаторот самоубиец Санли, според турските медиумски извештаи, се претставил како соработник на курирска служба и на тој начин овозможил пристап во високо обезбедуваната амбасада. На местото каде се вршела безбедносна проверка тој запалил шест килограми ТНТ, кој бил прицврстен за неговото тело, и рачна граната. Освен атентаторот загина и турскиот чувар, додека една новинарка која случајно била на местото на настанот е тешко повредена. Со ова се негира најавата на американската влада дека мисиите на САД во светот, по нападите од Бенгази на 11. септември минатата година, се безбедни од секакви напади, со презир вели екстремниот револуционерен фронт на Народната ослободителна партија.

Самоубиствениот напад на Санли најверојано не е последната акција, предупредуваат левичарските екстремисти. САД требале да ги повлечат Патриот ракетите стационирани како заштита против можни напади од Сирија. Исто така се упатува закана и до турската влада: сите безбедносни мерки биле безцелни. Според медиумските извештаи, силите за безбендост во 2008 и 2010 година спречиле планирани атентати на ДХКП-Ц врз премиерот Ердоган.

Постои ли повраност со Сирија?

Türkei Demonstration Patriot-Einsatz NATO

Демонстрации против стационирањето на Патриот ракетите

Со укажувањето за Патриот-ракетите, ДХКП-Ц се вбројува во протестите на левичарските, исламистичките и националистичките групи проти политиката кон Сирија на Ердоган. Неодамна националистите нападнаа некои германски војници во граничната област кон Сирија, за кои очигледно мислеле дека се американски војници.

Коментаторот Дениз Зејрек во неделата ги потсети читателите на весникот „Радикал“ дека ДХКП-Ц уште во 1990-те соработувала со сирискиот режим. Според Зејрек оваа соработка трае до денес и со сириската граѓанска војна во која Турција ја поддржува опозицијата добива нова димензија. Според информации на тајните служби сирискиот претседател Башар ал Асад неодамна на левичарските групи им испратил економска и логистичка поддршка.

Атентаторот престојувал во Германија

Со сигурност се знае дека атентатот бил детално подготвен. Атентаторот Санли, според медиумските извештаи, откако бил ослободен од затвор во Турција во 2001 година отпатувал за Германија. Според министерот за внатрешни работи Муамер Гилер тој со фалсификувани документи преку грчките острови стигнал во земјата. Притоа ДХКП-Ц во Германија се смета за органзиаиција на која и’ се намалува значењето. Во последниот извештај на Службата за заштита на уставот, германските тајни агенти заклучуваат дека по повеќе полициски акции против групата се поставува прашањето „уште колку долго ДХКП-Ц ќе биде во состојба да ги компензира недостатоците и дупките во раководството на организацијата“.

Доколку нападот во Анкара навистина бил смислен во Германија, како што јвуваат повеќе турски весници, оваа анализа можеби ќе треба да се преиспита. Меѓутоа ДХКП-Ц не е единствената радикална група која во моментов планира и изведува насилни акции во Турција. Исто така и тековните напори за ставање крај на конфликтот со Курдите би можел да доведе до зголемен ризик за напади, пишува во весникот„Милијет“ Фикрет Била, колумнист со изворедни контакти со владата и безбедносниот апарат.

Можна поврзаност со преговорите со Курдите

Türkei Soldaten Kurdengebiet

Турски војници во курдските области

Како знак дека радикални сили се обидуваат да спречат мировен договор меѓу турската држава и бунтовниците на ПКК се оцени убиството на три курдски активисти во Париз на 9. јануари. Била во неговиот прилог укажува дека имало групи, кои во сенка на конфликтот со Курдите, кој трае речиси 30 години, заработувале многу пари, на пример со криумчарење на дрога или трговија со луѓе.

Како и Била и Гингер Менги, главен коментатор на весникот „Ватан“, очекува натамошни насилни дела. Немирите на Блискиот Исток, растечкиот анти-американизам во регионот, како и еднозначното заземање страна на Анкара, на пример, во Сирија ја претворија Турција во потенцијална мета на теророт, пишува Менги по нападот во Анкара. „Мораме да бидеме подготвени“, дополни тој. „Дали сме подготвени?“ Ова прашање во моментов никој неможе да го одговори во Анкара.