1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Турција гласаше за континуитет

На победничката партија АКП и успеа, своето досегашно мнозинство да го зголеми за уште околу 10 проценти.

default

АКП синоќа ја славеше убедливата победа на изборите во Турција

Премиерот Реџеп Таип Ердоан синоќа и се обрати на јавноста со зборовите:

„Победници на овие избори се граѓаните, нашата заедничка иднина, како и стабилноста на земјата. Оваа победа нема да ни ги замати умот. Напротив: дополнително ја зголемува нашата одговорност. Ниту за милиматер нема да отстапиме од основните принципи на нашата република. Натаму решително ќе работиме за полноправно членство во Европската унија и енергичено ќе ги продолжиме демократските реформи„.

Претседателот на Европската комисија Жозе Барозо веќе му честиташе на премиерот Ердоан за, како што ја нарече, впечатливата победа на изборите. „Ова се случува во важен момент за турскиот народ бидејќи земјата треба натаму да напредува со политичките и економските реформи„ изјави денеска Барозо во Брисел.

Евро-пратеникот на зелените Чем Ездемир за Дојлчанд радио во првата реакција изјави:

„Ако господин Ердоан сега победата ја спроведе во конкрентната политика со тоа што конечно ќе го укине параграфот 301 со кој се ограничува слободата на мислењето, ако го реформира уставот кој се уште се потпира главно врз времето од воениот пуч во 1980 година, ако биде активен во кипарското и други прашања, тогаш на противниците на Турција за членство во Европската унија околу господин Саркози ќе им биде тешко да образложат зошто сакаат да ги отежнат, па дури и да ги прекинат преговорите за членството на Турција„.

Според сојузната пратеничка на социјалдемократите во германскиот парламент Лале Акгин:

„Ердоан Сега има многу комотно мнозинство и може многу побргу да ги унапредува реформите. За одделни прашања ќе наиде на спротивставување, кај армијата или кај ЦХП во паралментот. Тие ќе се противат, посебно кај кипарското прашање. Тоа се, покрај прашањето на претседателот, главните точки што го очекуваат Ердоан во наредните месеци„, смета пратеничката Лале Акгин.

Претседателот на турската заедница во Германија Кенан Колат за резултатите од изборите изјави:

„Може да се каже дека Турција гласаше за континуитет. Поддржано е продолжувањето на политиката на АКП. Тоа е шанса за Турција да ги продолжи демократските реформи„.