1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Турција во полуфинале

Турската репрезентација има најсилни нерви на ова ЕП во фудбал. На натпреварите по групи, на двапати се чинеше дека губи, но пред самиот крај го смени исходот во своја корист. Во четвртфиналето ја победи и Хрватска.

default

Хрватска против Турција

По регуларните 90 минути резултатот беше нерешен, по продолжениетот исто така, имено во послената минута од продолжението Сентурк го постигна израмнувачкиот гол, една минута претходно, Класниќ го постигна голот за водство на Хрватска. Но при изведувањето на пенатлите, Хрватите имаа послаби нерви. Турците погодија трипати, Хрватите само еднаш.

По натпреварот Турците славеа, а Хрватите беа премногу разочаани. Тренерот Славен Билиќ рече „Неверојатно е. Изведувањето пенали е како лото. Дури и за две три години ќе биде многу тешко да се заборави овој натпревар, но утре е нов ден.“

Турција изненади

EURO 2008 Kroatien Türkei, Türken feiern Rüstü

Турција слави

Хрватите испаднаа, Турците продолжуваат. Тие повторно успеаја да ја изненадат цела Европа. Тренерот Фати Терим „Навистина ние сме најекстравагантната репрезентација овдека. Според мене ова беше убав натпревар, натпревар на столетието.“

Во полуфиналето во среда, Турција ќе се натпреварува против Германија. Турските фанови се самоуверени и сметаат дека и тогаш повторно ќе слават „Против Германците, ќе победиме“ , „Повторно ќе биде тесно, но ќе победиме“

Вечерва во Базел се игра и третиот четвртфинален меч, победникот, Холандија или Русија за противник ќе го имаат подобриот од последниот четвртфинален меч кој треба да се одигра меѓу Шпанија и Италија утре во Виена.