1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Турција-војската реагира

Турското воено раководство во невообичаена форма се вклучи во тековниот избор на нов претседател на државата.Воените сили со загриженост ја набљудуваат ситуацијата,изјави Генералштабот само неколку часа по првиот круг изборно гласање во Парламентот.Никој не треба да заборави дека Армијата се застапува решително за поделба меѓу државата и религијата,смета војската.

Единствениот кандидат на претседателските избори во Турција,Абдула Ѓул вчера не успеа да биде избран во Парламентот во првиот круг,а опозицијата веќе се подготвува гласањето да го прогласи за неважечко,што би довело до предвремени парламентарни избори.Следниот круг гласање е најавен за в среда.