1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турција води дијалог со државниот непријател број 1

Директните преговори меѓу турската тајна служба и курдскиот лидер Абдула Очалан треба да го отворат патот за мировно решение за деценискиот конфликт. Успехот на иницијативата е крајно неизвесен.

Абдула Очалан се врати на политичката сцена. Речиси 14 години по неговото апсење во февруари 1999. година, основачот и лидер на Курдската работничка партија (ПКК) доби шанса да ја одигра улогата која одамна себеси си ја додели: како клучна фигура во потрагата по мир за курдскиот конфликт кој трае од 1984. година. Високи функционери на турската тајна служба МИТ од крајот на декември почнаа мировни разговори со Очалан во затворот Имрали.

Abdullah Ocalan

Абдула Очалан

Премиерот Речеп Таип Ердоган и неговата влада сакаат со Очалан да изработат план, кој ќе овозможи курдските бунтовници да го спуштат оружјето. Раководството на ПКК во северно-ирачкиот курдски регион, според медиумски извештаи, побарало да добие амнестија од судски прогон и да му се дозволи да замине во егзил. Курдските борци ќе треба да се реинтегрираат во општеството.

Поволен период

Можноста за постигнување мир е поволна. Во моментов е затишје поради зимата, и опасноста дека преговорите ќе бидат саботирани е помала отколку во друг период од годината. Притоа, Очалан пред извесно време уште еднаш докажа колкаво е неговото влијание меѓу курдските бунтовници откако беше прифатен неговиот апел сите курдски затвореници во турските затвори да го прекинат штрајкот со глад.

Периодот е поволен и од друг аспект. Следната и годината потоа во Турција се одржува вистински изборен маратон од локални, парламентарни и претседателски избори. Ердгоан сака резултати пред да започнат кампањите“, вели политиколот од Истанбул, Сахин Алпај. Мирно решение на судирот, за владата ќе биде и голем плус на изборите. За да докажат дека се сериозни во своите напори, турските власти неодамна им дозволија на курдските политичари да го посетат Очалан во затвор.

Како реагира ПКК?

Türkei Soldaten Kurdengebiet

Турски војници во курдскиот регион

Од ПКК засега реагираат воздржано на иницијативата од Анкара. Мурат Карајилан, кој ги раководи бунтовниците по апсењето на Очалан, бара натамошни отстапки од турската власт како доказ за сериозноста на мировните напори. Меѓу другото, тој бара подобрување на условите во затвор за Очалан и официјално признавање на курдскиот идентитет во турскиот Устав.

Одредени аналитичари не ја исклучуваат можноста дека дел бунтовници би можеле да ја саботираат иницијативата затоа што се чувствуваат исклучени од дијалогот кој владата го води со Очалан. Ниту една од досегашни мировни иницијативи од почетокот на конфликтот не даде резултати. Новите разговори можеби започнаа под поволни услови, но се уште се далеку од успешен крај.