1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Турција – влада

*

Новиот турски претседател, Абдула Ѓул, го одобри новиот состав на владата што претходно му го достави премиерот Реџеп Таип Ердоан. Новиот кабинет брои 25 места. Наследник на Ѓул на функцијата министер за надворешни работи е Али Бабакан. Бабакан се залага за влез на Турција во ЕУ и досега ја претставуваше земјата во преговорите за приклучување што беа водени со Брисел. Бабакан важи за религиозен муслиман, кој, меѓутоа, е застапник на идејата за поделба на државата и религијата.