1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Турците во паника поради кинескиот влез во Грција

Кинеското државно претпријатие за прекуокеански бродски транспорт (КОСКО) овој месец го презема грчкото пристаниште Пиреја, со кое ќе управува во наредните 35 години. Потегот предизвика загриженост во соседна Турција.

default

Кинеското присуство под Акропол ги загрижува Турците. Јоргос Папандреу и Вен Џијабао

Кинезите планираат тројно зголемување на капацитетите на пристаништето, за таму да настане модерна транспортна и логистичка централа, преку која кинеските стоки побрзо и полесно ќе стигнуваат на европскиот пазар. Ваквите планови предизвикаа паника кај турските извозници.

Логистичките претпријатија и особено текстилната индустрија од Босфорот се загрижени оти силната конкуренција од Азија им доаѓа тукуречи пред порта. Приближно половина од текстилните производи на европскиот пазар доаѓаат од Кина. Уделот на Турција е осум проценти.

Турската индустрија под сериозна закана

Symbolbild chinesische Investitionen in Griechenland

Кинезите планираат да ја користат Грција како платформа за влез на пазарот на ЕУ

Сериозна опасност за турската индустрија се заканува ако кинеските фирми во Грција подигнат и постројки за монтажа, оценува Хикмет Танриверди, претседател на Здружението на текстилните претприемачи од Истанбул.

„Кога зад ова стои државата и во тоа пристаниште во иднина биде олеснет увоз на стоки во голем обем, тогаш ние имаме проблем. Ако таму бидат донесени полуготови стоки и за нив бидат платени ниски царини, а потоа со неколку зафати тие бидат довршени, за нас настанува голем проблем кај цените. Проблем би ни било и ако таму се направи замена на етикетите ’мејд ин‘ (произведено во...)“.

Селчук Чолакоглу, турски експерт за Кина, нагласува: „Предност на Турција беше што таа беше во состојба бргу да произведува помали количини. Причина за загриженост за нас е губењето на предноста на близината до европскиот пазар со преземањето на пристаништето Пиреја од страна на Кинезите“.

Кина и дава надеж и на Турција

Чолакоглу стравува дека кинеските производители сега ќе чуваат стока во магацини во Пиреја и ќе можат многу побргу да реагираат од турските на спонтана побарувачка од ЕУ. Турција веќе подолго време и’ се нудеше на Кина како логистичка централа. Со зделката со пристаништето во Пиреја сега може да биде елиминирано значењето на Анадолија како кинески транзитен пат, смета експертот Чолаколу.

Wen Jiabao Recep Tayyip Erdogan 2010

Кинезите сакаат да ја задржат соработката и со Турција. Вен Џијабао и Реџеп Таип Ердоган во Анкара

Кинескиот премиер Вен Џијабао сепак имаше и за Турците понуда за да ги ублажи ваквите стравови: за време на посетата на Анкара и Истанбул минатиот петок потпиша осум стопански спогодби, а договорено е зголемување на меѓусебната трговска размена од сегашните 17 милијарди долари на 50 милијарди до 2015 година, со цел во 2020 таа да достигне цели 100 милијарди. Договорено е и меѓусебната размена да се пресметува во валутите на двете земји - јуанот и лирата.

Автор: Сеј Чем/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска