1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Турците во Македонија - пример за интегрирано малцинство

Според експертите и политичарите, турското малцинство во Македонија ужива големи права. Дали и Турците се задоволни од положбата како малцинство во земјата?

default

Турскиот премиер Ердоган и македонскиот премиер Груевски на една средба во Турција

Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Коксал Топтан, денеска ќе се обрати во македонскиот парламент. Тој е во Скопје по повод одбележувањето на националниот празник на Турците - Денот на наставата на турски јазик. Со манифестациите што се одржуваа викендов, всушност се одбележува шеесетгодишниот јубилеј од возобновувањето на наставата на турски јазик во Македонија, која почнала на 21 декември 1944 година.

„Турците во Македонија се составен дел од нашето мултинационално ткиво и најважната алка што ги поврзува двете земји“, рече деновиве македонскиот премиер Никола Груевски. Тој најави дека е во план изградба на нов театар и отворање на културен центар на ова малцинство.

Поддржана е и иницијативата за изградба на куќата на турскиот поет Јахја Кемал, а се подготвува и проект за реконструкција на куќата на родителите на основачот на модерната турска држава, Кемал Ататурк.

Турската заедница во Македонија има три партии и еден пратеник во парламентот. Според статистичките податоци, во Македонија живеат околу 78.000 Турци.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина