1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турски топови на границата со Сирија

Турција распореди против-авионски топови и друга артилерија долж границата со Сирија, јави денеска државната турска телевизија. Распоредувањето доаѓа по соборувањето на турскиот воен авион и затегнувањето на односите.

Турски воен конвој влезе во воената база во близина на пограничниот град Јајладаги.Во конвојот имаше 30 воениоклопни возила и ракетни системи од Командатана 39 механизирана пешадија од турскиот пристаништен град Искендерун.

Турската државна телевизија јави дека неколку топови ќе бидат распоредени на други места долж границата со Сирија. Турција ја предупреди Сирија да не вади трупи на границата, а ако го направи тоа, тогаш ризикува вооружен одговор.

Весникот Туркие наведува дека турските војниците ќе бидат лоцирани во реонот на граничниот пункт Џилвегозју и во реоните на градовите Рејханли, Јајладаги и Аланјозју. Весникот додава дека поради воената активност во реонот, сириските бегалци од кампот во Рејханли биле пренесени со минибуси и автобусиво Шанлаурфа.

Еден сириски министер во средата изјави дека воените сили во земјата можеби по грешка го собориле турскиот авион, бидејќи можеби по грешка го идентификувале како израелски. Сирискиот министер за информации Омран ал-Зеби изјави за турската телевизија Хабер дека неговата земја „не сака криза со Турција“. Тој додаде дека турските и израелските борбени авиони се главно од американско производство и можеби тоа ги довело до грешка сириските воени сили.

Турските власти во повеќе наврати го повикаа сирискиот претседател Башар ал-Асад да поднесе оставка. Во земјата најдоа прибежиште околу 33.000 Сиријци, бегајќи од акциите на властите против бунтовниците.