1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Турски реакции на спогодбата со Брисел

Веста за надминување на кавгата со ЕУ во Турција предизвика големо олеснување и бура на радост

Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Најсилно и симболично одреагира турската берза и тоа со историски рекорд од 22.000 поени. Не само што е надмината кризата, туку комесарот за проширување Гинтер Ферхојген дури се изјасни позитивно за препораките во неговиот извештај до шефовите на држави и влади, извести турската телевизија:

Никој во Турција повеќе не се грижи за цената што премиерот Ердоган мораше да ја плати за толку славениот успех. Тој имено мораше да се откаже од параграфот за казнување на браколомството, за кој инаку лично се заложи. Она што е важно е отворањето на патот за почнување преговори со ЕУ.

Едни коментираат дека за среќа нивната земја за малку ја одбегнала несреќата, а други нагласуваат дека не само што е надмината актуелната кавга, туку Турција од Ферхојген добила за возврат и замижување за сите обвинувања за измачување во турските затвори.

Дел од политичарите во земјата пак нагласуваат дека целата кавга довела до трајна загуба на угледот на Турција во очите на Европа:

“Големо олеснување е за нас тоа што кризата мина. Но, во Европа секоја земја има свое јавно мнение и во него се сега засилени оние кои се против нашето зачленување.“