1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Турски весник најави тужба поради НСУ-процесот

Во спорот околу места за странските медиуми при процесот против НСУ заменик главниот уредник на турскиот весник „Сабах“ Исмаил Ерел најави тужба пред Уставниот суд на Германија.

На Втората програма на германската телевизија заменик главниот уредник на турскиот весник „Сабах“ Исмаил Ерел нагласи дека Германскиот уставен суд во Карлсруе би требало да разјасни, дали се повредени правата на турските медиуми со овој начин на распределба на местата. „Сметаме дека слободата на печатот и слободата на информирањето треба да важи и за новинарите со турско потекло во Германија и затоа сакаме во живо да го доживееме овој процес“, образложи Ерел и дополни: „Судските постапки мораат да бидат јавни. Исто така и за граѓаните со турско потекло во Германија“.

Процесот против осомничената членка на десно екстремистичката група Националсоцијалистичко подземје (НСУ) Беате Чепе како и други осомничени поддржувачи на групата треба да започне на 17. април во Покраинскиот суд во Минхен.

Gerichtssaal München Gericht NSU Prozess Zschaepe

Судот во Минхен

Десно екстремистичката групата Националсоцијалистичко подземје се обвинува за убиство на девет луѓе со мигрантско потекло и една полициска службеничка Германка.

Судот во Минхен и неговиот претседател Карл Хубер педесетте утврдени места за новинарите, кои стојат на располагање за следење на процесот, ги додели стрикно врз основа на тоа како пристигнуваа барањата на медиумите. Притоа повеќето меѓународни и сите турски медиуми не добија место.

Судот во Минхен досега се придржува до овој начин на доделување на места во судницата за медиумите и се правда дека формално процесот е коректен. Сепак партиите во Германија го критикуваат ваквиот начин на распределба на места за медиумите. Причина за тоа е и фактот, што осум од десетте најверојатни жртви на десноекстремистичката ќелија од Цвикау имаа турски корени.

Видеопренос како излез?

Во дебатата се вклучи и Здружението на новинари кои информираат за судските процеси и работата на судовите од Карсруе. Тие се изјаснија за видеопренос на процесот против НСУ во соседна просторија на судот. „Тоа според наше гледиште е најверојатно последниот излез, особено за турските медиуми кои не обезбедија место да им се обезбеди барем делумно пристап до овој историски процес“, се вели во отвореното писмо на новинарите од Карлсруе.