1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Турски авиони ги бомбардираа Курдите во Ирак

Турски воени авиони извршија напад врз 60 цели-позиции на курдски бунтовници во северниот дел на Ирак во рамки на успешната операција во текот на изминатата ноќ, соопшти Генералштабот на турската армија.

default

Хеликоптер на турската воена авијација во акција во северен Ирак

Во соопштението се наведува дека турската артилерија извршила напади врз 168 цели во регионот пред воздушната операција, која била преземена откако бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) поставија заседа на турски воен конвој во југоисточниот дел на Турција и убија 12 припадници на силите за безбедност.
Армијата планира да продолжи со нападите врз бунтовниците се додека тие не бидат онеспособени.

Flash-Galerie Türkische Soldaten getötet

Турски трупи во патрола во југоисточниот дел на земјата

Претходно ПКК објави дека ја презема одговорноста за убиството на најмалку 11 турски војници и на еден припадник на безбедносна агенција.
„Нашите сили извршија напад од заседа врз турската погранична војска. Во
судирот загинаа неколку турски војници“, изјави за агенцијата Франс прес портпаролот на ПКК, Долдар Хамо.

Автор: ЖА/АТ/дв/мф

Редактор: СИме Недевски