1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Турските инвестиции од стратешко значење

Македонија станува клучна цел на турската регионална инвестициска мапа. Расте интересот за влез на турски капитал во земјата. Освен во градежништвото се очекуваат инвестиции и во други гранки.

default

Tурски ТАВ оперира со модернизираните аеродроми Александар Велики кај Скопје и охридскиот Свети Апостол Павле

Градежништвото засега доминира на турската регионална инвестициска мапа во Македонија, но, ако се суди според најавите на надлежните допрва треба да се очекуваат конкретни активности и во останатите производствени сектори. Влезот на турски ТАВ кој веќе неполна година оперира со модернизираните аеродроми Александар Велики кај Скопје и охридскиот Свети Апостол Павле, повлече уште неколку големи компании од оваа земја кои веќе потпишаа милионски инвестициски договори.

Што ќе добие Македонија?

Присуството на турските компании, на Македонија ќе и донесе двоен бенефит, коментира за Дојче веле Филиз Вели, инвестициски промотор во Истанбул, Турција. Според нејзе, земјата ќе добие повисок рејтинг и уште поважно, добра референца што е многу значајно за реализција на други големи проекти. Фактот што засега главно градежни компании се заинтересирани или пак веќе учествуваат во реализација на проекти во Македонија зборува дека турскиот бизнис е сериозно заинтересиран за Македонија.

Градежништвото по традиција е една од клучните гранки која го отвора патот за влез на турските фирми на странски пазари, што подоцна се надополнува и со компании од други сектори. Во наредниот период според Вели, треба да се очекува официјална објава за реализација на уште неколку инвестициски проекти во делот на минералните суровини, здравството, земјоделието и сточарството.

Karte Europa MSOE

Македонија станува клучна цел на турската регионална инвестициска мапа

Стратешко значење

Според првиот човек на Технолошко индустриските развојни зони Виктор Мизо, влезот на турските компании во Македонија е од стратешко значење за земјата. Турските фирми кои ќе се позиционираат во Македонија ќе добијат можност за полесен пристап до европските пазари што според Мизо ќе отвори можност и за компании од други, пред се’ источни земји во развој, да го следат овој пример и да ја искористат Македонија како логистичка производствена база.

По влезот на ТАВ и неколку помали капацитети, од неодамна актуелни се уште два големи турски проекта во земјата. Градежниот гигант Лимак под чија капа се аеродромот во Приштина и второто воздухопловно пристаниште во Истанбул ќе го гради грандиозниот проект Јужен булевар во Скопје. Локацијата долж булеварот и околу Старата железничка станица, Лимак ги доби за 3,8 милиони евра. На оваа локација Турците ќе градат деловно станбени комплекси со висина до 70 метри. Истовремено имаат обврска да изградат и подземна сообраќајница под постојната траса на Јужен булевар. Компанијата Џеваир Холдинг во сопственост на еден од најпознатите турски бизнисмени Ибрахим Џеваир, ќе гради четири 40 катници во скопската населба Аеродром. Проектот според проценките ќе чини околу 200 милиони евра. Две турски компании се во игра и за слободната економска зона во Тетово која владата ја нуди на тендер како модел на јавно приватно партнерство.

Türkischer Ministerpräsident Erdogan und mazedonischer Ministerpräsident Gruevski in Skopje.

Премиерите на Македонија и на Турција (архива)

Политичка поддршка за бизнисот

Развојот на бизнис релациите меѓу двете земји има и отворена политичка поддршка. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган неколкупати јавно ги повика компаниите од неговата земја да инвестираат во Македонија. Заедно со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, неодамна беа гости на свадбата на синот на сопственикот на компанијата Џеваир Холдинг. На церемонијата присуствувал и градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски како и неколкумина македонски бизнисмени.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Александра Трајковска