1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Турските демонстранти повторно во судир со полицијата

Со водени топови, солзавец и гумени куршуми турската полиција повторно ги растеруваше демонстрантите. Во новите протести има повредени и уапсени.

Osman Erden (C) is detained by riot police during an anti-government protest at Istiklal Street in central Istanbul July 13, 2013. Turkish police fired water cannon and tear gas on Saturday to disperse hundreds of protesters who gathered to march to Gezi Park, which has been at the heart of fierce unrest against Prime Minister Erdogan's rule. Protesters scattered, running into sidestreets where police pursued them, before starting to regroup on Istiklal Street, metres from the main Taksim Square. REUTERS/Umit Bektas (TURKEY - Tags: POLITICS CIVIL UNREST MILITARY TPX IMAGES OF THE DAY)

Türkei Istanbul erneute Proteste am 13. Juli 2013

Повеќе илјадници противници на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчеравечер (13.07.) се собраа во истанбулската населба Галатасарај на протестна манифестација. Тие демонстрираа против апсењето на познати активисти. Кога еден дел од демонстрантите сакаше да се придвижи кон плоштадот Таксим полицијата презема акција со солзавец, водени топови и гумени куршуми. Во судирите има повеќе повредени и уапсени.

Исто така во југоисточна Анатолија, во Хатај и во главниот град Анкара силите за безбедност ги растураа демонстрациите со водени топови и солзавец. Преку интернет блогерите повикуваа да се испратат лекари во Кугулу паркот во Анкара. Само тамо имало околу сто повредени демонстранти.

Обвинувања за злоупотреби од полицијата

Уапсените активисти по нивното ослободување велат дека полицијата вршела злоупотреба. Претседателката на истанбулската архитектонска комора Муцела Јапичи во петокот на прес-конференција соопшти дека таа во истражниот затвор подлежела на понижувачка провертка на нејзиното тело. Освен тоа таа била дијабетичар, а полицијата дури по повеќе часови и’ ги вратила нејзините лекови.

Со недели плоштадот Таксим е центар на протестите против конзервативно-исламистичката влада на Ердоган. Протестите беа предизвикани од плановите за изградба на објект во паркот Гези. Премиерот Ердоган со насилство се обидува да ги стави под контрола демонстрациите кои се оддржуваат не само во Истанбул, туку и во други градови на Турција.